Иако е се уште зимски период, вториот дел од првенството на Втората фудналска лига на Македонија почнува во сабота на 15 февфруари, некако традиционално клубовите се подготвуваат за пролетниот старт кога ќе се боди голема борба за пласман во Првата лига, уште поголема за опстанок.
Меѓутоа фудбалерите на Кожуф од Гевгелија не се во позиција да се борат за врвот на табелата , далеку се од опасната зона и можат мирно да играат во продолжението на првенството, предводени од новиот тренер Славчо Георгиевски.
„Есенва се загубени неколку натпревари по наши грешки, инаку ќе се боревме за висок пласман ни рече Славчо Георгиевски, кој го замени тренерот Фичип Деспотовски кој поднесе лоставка Нашата цел е средина на табелата, имаме поволен распоред, полека низ шесте контролни натпревари што ги одигравме досега, ја уигравме и комплетиравме екипата“, изјави Георгиевски.
Во преодниот рок од Кожуф си заминаа Горан Најденов, Дарко Гроздановски, Филип Манасиевски, Даниел Иванов, Никола Најдовски и Кристијан Георгиевски, повеќето од нив стандардни првотимци. За Кожуф потпишаа Сашо Дуков (Охрид), Давид Бошевски (Детонит) и Мартин Пивковски (Новаци).
„Не се засиливме многу, но сепак, давајќи им шанса на помладите играчи, одигравме добро со Вардар Неготино 1-0, Беласица 0-0, Слога 0-1, Детонит 0-0, Тиквеш 1-0 и Работнипчкин 1-1, што според резултатите и играта сме на добар пат да постигнеме подобри резултати од есенското првенство. Моментно сме да деветото место на табелата со 22 бода и позитивна гол разлика 17-13. Од петтото место на табелата на кое се наоѓа Детонит (25) не делат само три бода. Покрај Детонит пред нас се само Скопје со 22, Саса и Охрид со 24 бода. Затоа и велам, имаме шанса да се пробиеме меѓу првите четири-пет екипи до крајот на првенството“, заврши Георгиевски.
Во првите пет кола Кожуф има и поволен распоред. Со Саса која е каазнета поради инцидентот со Скопје намесго во Македонска Каменица ќе игра во Турново, потоа дома со Вардарски, во третото коло му гостува на Осогово, потоа игра со Скопје во Гвегелија, за да оваа поволна серија заврши со гостувањето на Вардар во Неготино.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА