Кожув ја оправда фаворитската улога со Шкупи

Кошаркарите на Кожув ја оправдаа фаворитската улога и триумфираа лесно против Шкупи со 94-89 во 21. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Уште од првата четвртина која ја добија домашните со 29-12 беше јасно дека Кожув атакува на победа и нема да дозволи никакво изненадување пред своите навивачи.

Така беше до крајот на натпреварот, рутински одржувајќи ја предноста за конечен триумф.

Најдобри поединци кај Кожув беа Стевановиќ со 27 поени, и Пилепиќ со 22 поени, додека Колев мечот го заврши со 26 поени. Кај гостите се издвоија Мохамед со 23 поени и Сила со 21 поен.

Се вчитува...