Кожув и Куманово очекувано го одиграа најнеизвесниот натпревар од петтото коло во домашниот кошаркарски шампионат. Славеше тесно тимот од Гевгелија со 56-50 и ја запиша третата сезонска победа израмнувајќи се со тоа во досегашниот биланс со вечерашниот противник.
Кожув предноста за победа почна да ја гради во третата четвртина, а вистински се одлепи во завршниот сегмет кога и направи опиплива предност која беше многу значајна бидејќи Куманово сепак се избори за неизвесен финиш, но не успеа да достигне за пресврт.
Најголемата предност што ја имаше Куманово во текот на мечот беше пет поени позитива во текот на втората четвртина, додека Кожув достигна максимум девет во текот на завршниот дел.
Пековиќ и Караколев со по 11 поени беа нејефикасни во победничкиот состав, Ѓекиќ со 14 поени беше прв стрелец кај Куманово.
Ова беше последен натпревар од 5.коло во кое победи покрај Кожув забележаа и Блокотехна, денеска прoтив Вардар и во вчерашните дуели МЗТ против Охрид и Гостивар против Фени Индустри. Работнички беше слободен во ова коло, а мечот меѓу Шкупи и Пелистер не беше одигран проди суспензијата на скопскиот тим.
По овие пет рунди, Блокотехна со 10 бода и МЗТ со 9 се на двете водечки позции. Шампионот Работнички има осум бода, но и натпревар помалку. Во следното коло ќе се соочат големите ривали за шампионскиот трофеј, Работнички и МЗТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА