Кожув го освои Чаир

Кошаркарите на Кожув стигнаа до нов триумф во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Чаир со 80-84 во натпревар од 4. коло од новата сезона во Првата лига на Македонија.

Домаќините подобро го отоврија натпреварот и по десет минути игра имаа предност од 22-19. Гевгеличани одиграа одлично во одбраната во вториот период, па на полувреме заминаа со позитива од 35-39.

До крајот на мечот Кожув успеа да ја задржи предноста и да стигне до конечен триумф од 80-84. Родни Пурвис со 18 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Фатјон Реџа постигна 21 поен.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...