Кожув го победи Охрид и го испрати во Втората лига

По само една сезона во „елитата“, Охрид се враќа меѓу второлигашите, по денешниот пораз од Кожув на домашен терен. Гевгеличани славеа со 55-89, а од друга страна, пак, Кожув го потврди опстанокот меѓу најдобрите екипи и идната сезона.

Кожув со ова потврди дека е најдобрата екипа во плеј-аутот во оваа мини конкуренција на четири тима, од кои последните две се селат во понизок ранг, од кои едната е Охрид.

Карацовски беше најефикасен со 19 поени, додека кај домашните најдобар беше Бојовски со 10 поени.

ФОТО: КФСМ

Се вчитува...