Кошаркарите на Кожув убедливо славеа против Шкупу со 101-80 во последното коло од Првата лига, но и покрај тоа остануваат без место во Суперлигата која сега продолжува.
Гевгеличани остануваат без шесттата позиција која води во Суперлигата, а за која ќе се борат Фени Индустри и АВ Охрид.
Даниел Нацевски со 22 постигнати поени беше најдобар кај Кожув, а Петар Воркапиќ запиша 17 поени дополнети и со осум скока. Кај гостите, пак, најефикасен беше Џордан Рид со 20 поени.
Фени Индустри вечерва во последната рунда натпревари од регуларниот дел во Првата лига игра против Блокотехна, МЗТ Скопје го пречекува Пелистер а Куманово – Гостивар. Последниот меч од 22. коло е на 30. март меѓу Карпош соколи и АВ Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА