Кожув стигна до својата втора победа сезонава откако тимот од Гевгелија во „дербито на дното“ го декласираше Пелистер со убедливи 95-73. Гостите од Битола беа подобар противник само во првата четвртина (21-26), за остатокот од мечот да мине во доминација на Кожув и заслужена победа на оваа екипа. Искусниот Пековиќ со 30 поени го предводеше својот тим во победата, а одличен беше и Нацевски, кој реализираше 28 поени.
Кошаркарите на Гостивар рутински си ја одработеа задачата на гостувањето во Струмица, триумфирајќи со убедливи 58-90. Разликата во класи беше очигледна од самиот почеток, домаќините во првите две четвртини постигнаа вкупно 26 поени (26-46), по што гостиварци рутински го приведоа мечот до крај и конечните „плус 32“. Димчевски со 23 и Тодоровиќ со 17 поени беа најефикасни кај победничкиот тим, додека Делипетров беше прв стрелец на Струмица со 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА