Игор Михајловски повеќе не е шеф на стручниот штаб на Кожув откако управата на клубот од Гевгелија реши да се раздели овој стратег.
Михајловски дојде на клупата пред самиот старт на сезоната, но не ги оправда очекувањата откако Кожув потфрли на резултатски план, бележејќи само две победи и шест порази во првите осум кола. Тој во минатата сезона седеше на клупата на Работнички, но не се прослави ниту таму, по што беше заменет во текот на летото.
За нов тренер на Кожув е именуван Апостоли Апостолов, поранешен играч на оваа екипа кој сега ќе добие шанса и на тренерската позиција. Доколку ги оправда очекувањата на наредните натпревари, Апостолов би можел да остане и до крајот на прволигашката сезона, но доколку тоа не се случи, Кожув на почетокот од 2023 година би донел нов стратег како перманентен наследник на Михајловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

