Кожув го сруши МЗТ и му се реваншираше за поразот во Купот!

Екипата на Кожув го совлада тимот на МЗТ Скопје со 74-71, и му се реваншираше на шампионот за поразот во финалето на Купот. Во Гевгелија се одигра интересен натпревар, а победникот беше решен во последните моменти од средбата кога гевгеличани успеаја да дојдат до голем „скалп“.

Кожув лошо го почна мечот, губеше осум поени разлика од првата четвртина, но успеа да намали од разликата и на полувреме да замине -4 поени.

Меѓутоа Кожув продолжи со добрата игра во третиот период, па пред последната домашниот тим се стекна со предност од еден поен разлика. Но, МЗТ брзо се врати и се стекна со предност од пет разлика. Но, следуваше ново враќање на Кожув и серија од 8-0, за нова предност, која гевгеличани ја задржаа до крајот.

Во вториот меч Тиквеш го совлада Чаир со 84-76. Кели кај Чаир беше најефикасен со 25 поени, додека кај победничкиот тим Хил постигна 21 поен.

Се вчитува...