Работнички ја забележа и четиринаесеттата победа во низа во македонското првенство, овојпат забележана на домашен терен против Кожув со резултат 76-64. Гостите од Гевгелија допатуваа во Скопје со улога на апсолутен аутсајдер, но пријатно изненадија целосно парирајќи му на тимот на Марин Докузовски во првото полувреме.
На одмор се замина со израмнети 36-36, за потоа лидерот на табелата да ја преземе контролата и да заигра онака како што му доликува на еден голем фаворит. Работнички веќе во третата четвртина си ја осигура победата добивајќи го овој период со 27-12. Потоа следеше ново опуштање во таборот на тренерот Марин Докузовски, но победникот на овој дуел не беше доведен во прашање, па Работнички триумфираше со девет поени разлика (76-64).
Работнички во следното коло повторно ќе има лесна задача, гостувајќи во Битола на Пелистер, додека кошаркарите на Кожув во Гевгелија ќе го пречекаат тимот на Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА