Кожув приреди изненадување во претпоследниот натпревар од 11. коло во Суперлигата славејќи на гостувањето во Битола против Пелистер со 76-83.
„Зелено-белите“ подобро го отворија натпреварот, имаа предност од 11 поени (22-11) во првата четвртина, но како што одминуваше натпреварот Кожув успеа да се врати во игра. Гевгеличани не само што успеаја да ја вратат едноцифрената негатива, туку успеа и да го превземе водството за 36-42 на полувремето.
Предноста „црвено-белите“ ја одржуваа до крајот на третата четвртина, во еден момент истата изнесуваше 51-57 пред Пелистер да одговори со серија од 7-0 за превземање на водството (58-57).
Кожув навремено се стабилизираше, ја врати предноста до крајот на третата четвртина (60-61) па го искористи и големиот пост во нападот на домаќините за двоцифрена преднсот (62-72) која овој пат беше преголем залак за Пелистер.
Вилсон со дабл-дабл од 24 поени и 16 скокови беше прво име кај Пелистер, додека 31 поен и 10 скокови за Кожув забележа Вашингтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

