Кожув ќе биде значително ослабен за последните три кола од Супер-лигата откако тимот на Игор Михајловски остана без својот најдобар кошаркар оваа натпреварувачка сезона. Американецот Кенион Мекнил повеќе не е член на Кожув откако си заминал од Гевгелија и се вратил назад во САД, оставајќи го на цедило тимот што во голем стил го предводеше како во домашното првенство, така и во БИБЛ.
Во текот на минатата седмица во Гевгелија пристигнал агентот на американскиот кошаркар, кој и покрај најавите дека Мекнил ќе остане и во следните петнаесетина дена, на крајот му извадил авионски билет на одличниот плејмејкер, по што тој си заминал од Македонија.
Американецот од таа причина не беше во тимот на синоќешниот дуел со МЗТ Скопје, а ќе ги пропушти и последните три натпревари на Кожув од Супер-лигата, на гостувањата против Фени индустри и Карпош соколи и на домашен терен со Работнички, средби на кои Кожув ќе води битки за освојување на четвртото место на табелата кое значи и учество во полуфиналето од лејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА