Кошаркарите на Кожув успешно го стартуваа вториот дел од шампионатот во Првата лига, совладувајќи го составот на Куманово со 80-69. Со подобра игра во втората и во третата четвртина, гевгеличани создадоа предност која на крајот им донесе и рутински триумф.
Миливоје Мијовиќ со 23 поени, и Кенјон Мекнил со 16 поени, односно Лери Хол со 15 постигнати кошеви, беа предводници на тимот на Кожув на овој меч.
Кај Куманово, единствено Џонел Браун беше расположен поентерски, и постигна 22 поени.
Фени индустри убедливо славеше на гости (62-83) против Охрид. Уште по првите 20 минути беше јасно дека кавадарчани се барем една класа поквалитетен против Матија Чешковиќ со 21 поени беше најефикасен во составот на Фени.
Пелистер го совлада Вардар со 69-57. Мико Голубовиќ и Бојан Давков постигнаа по 20 кошеви за битолскиот прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА