Кожув подобар од Вардар во „маратонски меч“ во Гевгелија

Во меч кој траеше речиси три час, кошаркарите на Кожув убедливо со 78-57 го совладаа составот на Вардар. Домашниот тим во текот на целиот меч беше во предност, и како одминуваше времето само ја зголемуваше предноста.

Сепак, на стартот од четвртиот период, се случи проблем со семафорот, по што натпреварот беше во прекин речиси 1 час. Откако се среди проблемот, мечот продолжи и на крајот Кожув без никаков проблем ја задржа предноста.

Криснан од победничкиот тим беше најефикасен со 21 поен, додека Пауел кај Вардар постигна 17 поени на мечот.

Се вчитува...