Кожув веќе го има столбот на тимот за наредната натпреварувачка сезона откако кошаркарскиоот прволигаш денеска потпиша договори со седум кошаркари.
Листата ја предводи капитенот Апостоли Апостолов, покрај кого во Кожув ќе останат уште и младите Нацевски и Шутаров, а нов член на Кожув е и Блажо Митков, кој доаѓа од редовите на Вардар.
Покрај овие четири кошаркари, тимот од Гевгелија потпиша и со Пековиќ и Мишковиќ, кои беа клучни фигури во минатата сезона, а по една година пауза во Кожув се враќа и Александар Радуловиќ, кој претходно со успех го носеше дресот на овој македонски прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА