Кожув е третиот полуфиналист во Купот на Македонија откако во драматичен дуел избраниците на Малинков славеа над Маџари со резултат 84-80. Со овој триумф, Кожув си закажа полуфинална пресметка со МЗТ Скопје, меч што ќе бид ереприза на ланското финале што се играше во Гевгелија што заврши со триумф на „металците“.
Малинков постави зона во одбраната на Кожув за која Маџари се мачеше да најде одговор, па тимот од Гевгелија во раната фаза стигна до двоцифрено водство од 17-6. Скопскиот тим за момент го консолидираше нападот намалувајќи на 19-13, но Кожув постигна осум поен во последната минута од првата четвртина и го заврши овој период со 27-16. Маџари го пронајде својот ритам во вориот период, неколку напад во рекетот реализираше Хот, намалувајќи ја негативата на 33-31. Кожув сепак се разбуди пред крајот на полувремето, влезе во серија и на одмор замина со водство од 45-37.
Советите на тренерот Тодоровиќ очигледно вродија со плод, па Маџари заигра далеку подобро експресно намалувајќи на 49-47. Луис беше клулен играч во тимот на Маџари во овој камбек, за со тројката на Грин скопскиот тим да поведе со 53-55, прво водство на Маџари во ова четвртфинале. Доминацијата на „црно-зелените3 продолжи и во наредните минути, па Маџари во 28. минута имаше водство од 56-63, по извонредната блокада на Грин и рутинската реализацијата од контрапанад на Димчевски. Кожув се врати и со тројката на Бојчев намали на 64-65, но Маџари преку Алек Петковски ја зголеми предноста и во последните десет минути се влезе со водство на скопјани од 64-68.
Маџари беше без постигнати поени во првите три минути од четвртата четвртина, што Кожув го искористи за да поведе со 69-68 со тројката на Бојчев. Скопјани повторно не реалииеаа, Симиќ погоди во рекетот за 71-68 за Кожув, по што тренерот Тодоровиќ беше принуден да земе тајмаут. Гевгеличани продолжија да доминираат, па во 36. минута поведоа со 77-70. Резултатот на три минути до крајот гласеше 81-73, Maџари стигна до 81-77, потоа имаше и 83-77, но Маџари со зонски пресинг изнуди две грешки на противникот. При 83-80 Маџари промаши тројка преку Димчевски, во следниот напад беа судени чекори на Луис, скопјани добија и трета шанса за израмнување, но Димчевски уште еднаш беше непрецизен, овојпат од над девет метри и Кожув на крајот славеше со конечните 84-80.
Тео Симиќ одигра одличен меч и со 21 поен и 14 скокови беше најзаслужен за победата, 17 поени за Кожув постигна Бојчев, додека најефикасни во таборот на Маџари беа Луис со 19 и Грин со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА



















