Кожув се пофали со уште едно странско засилување

Кошаркарскиот македонски прволигаш Кожув се пофали со потписот на американскиот интернационалец Џино Артисон.

Кошаркарот кој игра на позицијата крилен центар  се очекува да биде од голема помош под кошевите. Како колеџ играч играл во НЦАА лигата, потоа играл во Луксембург каде бележел 23.4 поени и 9.8 скокови во просек. Настапувал и во Британија и Јапонија. Во последната сезона бележел 13.2 поени просек и 6.5 скокови.

 

Се вчитува...