Кожув со уште едно засилување за новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига. Гевгеличани се засилија со американскиот центар, Мајлс Хауард кој доаѓа од екипата на Шибенка.
26-годишниот Хауард, висок 206 сантиметри, изминатава сезона имаше запазена улога во тимот на Шибенка во АБА2 регионалната лига.
Претходно во кариерата беше дел и од тимот на Илиноис колеџот во САД, пред да се пресели на европскиот континент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА