Хрватскиот кошаркар Фран Пилепиќ, е нов член на Кожув. Гевгелискиот клуб го ангажираше овој 35-годишен бек како засилување за следната сезона.
Пилепиќ има настапувано во многу клубови во Хрватска и во БИХ, а има искуство со играње и во Шпанија, во тимот на Билбао од 2012 до 2014 година. Има играно за Цриквеница, Кварнер, Широки, Цедевита, потоа во Канту, Селчуклу Беледијеси, Лиеткабелис, Цибона, Адриа Оил, Аликанте, Оренсе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА