Кожув е еден од најактивните тимови летово во мак-баскетот откако прволигашот од Гевгелија успеа да договори ангажман на три нови засилувања. Оваа екипа лани стигна до плејофот, играше и куп-финале, па во Кожув се надеваат на позитивни резултати и во наредната сезона.
За таа цел, потпишани се три нови кошаркари, и тоа доскорешниот капитен на Вардар, Хусеин Бајрам, како и двајца странци, Девон Хигс и Арсеније Вучковиќ.
Хигс е американски плејмејкер кој во изминатите две сезони играше во „Џи-лигата“ од НБА, а претходно ги има брането боите на Колеџ Парк Скајхоукс, Мотор Сити Круз и Гринзборо Сворм.
Вучковиќ е крилен кошаркар кој лани настапуваше во унгарскиот шампионат, а веќе има искуство од мак-баскетот ако се знае дека во сезоната 2022/23 ги бранеше боите на Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

