Кожув во фуриозна завршница подобар од Куманово

Кошаркарите на Кожув дојдоа до победа над Куманово во натпреварот одигран во Гевгелија со 100-92 во 10. коло од кошаркарската Супер-лига.

Домашните кошаркари беа поконцентрирани во завршницата од натпреварот, и дојдоа до победата благодаение на одличната игра во финишот од натпреварот. Мечот беше резултатска „вртелешка“, двата тима се менуваа во водството, а во последниот период се влезе со само поен предност за Куманово (68-69).

Клучната последна делница заслужено ја добија домашните со 32-23, и на крајот дојдоа до шестиот триумф во сезоната, нанесувајќи му го четвртиот пораз на кумановскиот тим.

Пурвис со 30 поени беше нерешлива енигма за гостите, додека кај Куманово Стевановиќ постигна 27 поени.

Се вчитува...