Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ја оствари и шестата победа во домашниот шампионат, втора над составот на Кожув. Во малата сала на „Јане Сандански“ падна Кожув со 79-75. Гевгеличани дадоа солиден отпор, но немаа сили за да направат изненадување и да им го нанесат првиот пораз на „металците“.
Првата четвртина ја доби МЗТ со минимални 16-14, а на полувреме тимот на Анте Назор замина со предност од седум поени (37-30). Во третиот период Кожув влезе во добар шутерски ритам и последните десет минути ги стартуваше со четири поени негатива.
На една минута пред крајот, Кожув стигна на три поени заостанување (76-73), Темс не успеа да погоди тројка на спротивната страна, но и Ѓурасовиќ не погоди од линијата за три поени, што беше шанса за гостите да израмнат. Бојан Крстевски на четири секунди пред крајот намали на 77-75, но триумфот му припадна на МЗТ Скопје, откако Ксавиер Темс реализира две слободни фрлања.
Марко Симоновски и Ксавиер Темс со по 15 поени беа најефикасни во победничкиот состав на МЗТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА