Кошаркарките на Кожув стигнаа до втората победа во БИБЛ-лигата откако вечерва на домашен терен рутински триумфираа над Башкими со резултат 90-74. Отпорот на гостите од Косово беше скршен уште во првото полувреме, во кое избраниците на тренерот Јончевски стигнаа до убедлива предност од 51-32, по што не дозволија победата да им биде доведена во прашање во второто полувреме.
Како пресудна се покажа втората четвртина што Кожув ја одигра беспрекорно, добивајќи ја со 28-12 и трасирајќи си го патот до победата. Башкими заигра нешто подобро во финишот од третата и стартот од последната четвртина, кога ја спушти разликата под десет поени (72-63), но Ивеља реализираше во вистински момент, потоа се разбудија и останатите кошаркари на Кожув и на крајот македонскиот претставник славеше со убедливи 16 поени разлика.
Србинот Игор Кесар одигра извонреден натпревар реализирајќи 33 поени, Караколев постигна 22, а Вилијамс 12 поени за Кожув, триуумф со кој македонскиот тим му го предаде фенерот на табелата токму на тимот на Башкими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА