Крафорд: Време е за одмазда против Блокотехна

МЗТ Скопје Аеродром лесно излезе на крај со Фени индустри во четвртфиналето на Купот, но веќе денеска „металците“ пред себе ќе имаат многу посилен ривал. Во полуфиналниот дуел, вечерва (20.30 часот) ќе ги одмерат силите со Блокотехна, тим кој воопшто не им лежи како ривал.

Американскиот интернационалец Џордон Крафорд дебитираше за тимот токму при поразот од Блокотехна на првенствениот дуел во Гевгелија, па вели дека сега е време за одмазда во Купот.

„Како колектив одигравме одлично, цврсто и со многу енергија. Сѐ уште нѐ пече оној пораз од Блокотехна во Гевгелија, така да мораме да останеме позитивни, да се концентрираме и да се одмаздиме во вечерашното полуфинале“, изјави Крафорд.

 

Се вчитува...