Крафт најдобар во Инсбрук, Бишесхофен ќе го даде победникот на Новогодишната турнеја

Австрискиот ски-скокач Штефан Крафт е победник на третата од вкупно четири етапи од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, откако денеска славеше на ски-скокалницата во домашниот Инсбрук.

Крафт до победата стигна со скокови од 131.5 и 132.5 метри, што беше доволно за 273.3 поени. Второто место му припадна на неговиот сонародник Јан Херл кој освои 271.9 бодови. Подиумот го надополни третиот Австриец, Даниел Чофениг со 263.3 поени.

Лидер во генералниот пласман на турнејата е Штефан Крафт кој е пред Херл и Чофениг, но разликата меѓу тројцата е само еден поен.

Се вчитува...