Четирикратниот германски шампион Кајзерслаутерн за првпат во својата 118-годишна историја испаѓа во Третата лига во Германија, откако синоќа во 32. коло од Втората Бундеслига загуби со 2-3 на гостувањето кај Арминија Билефилд.
Крајот да биде уште подраматичен, Кајзерслаутерн против Арминија имаше и 0-2 се до 54. минута, но по црвениот картон во 61. минута прими три гола, а оној третиот во 93. минута од средбата.
Кајзерслаутерн се наоѓа на последното место во Втората лига со 29 бода, осум помалку од моментално 16-от, Сент Паули кој ја чува позицијата која води во дополнителни квалификации за опстанок.
„Овој натпревар беше всушност слика на целата наша сезона“ – изјави по вчерашниот меч тренерот на Кајзерслаутерн, Михаел Фронтчек.
Со солзи во очите пред јавноста се појавија тренерот и водечките лица на клубот. Директорот на славниот клуб истакна дека 90% од фудбалерите поради испаѓањето ќе го напуштат клубот, но некои искажале и желба да останат и да помогнат да се врати на славните патеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА