Актуелниот француски селектор Дидие Дешамп, го напушта кормилото на француската репрезентација следната година. Настапот на Светското првенство ќе биде последно нешто од Дешамп со Франција, а потоа си заминува од кормилото.
Дешамп е селектор на Франција од 2012 година, и го освои Светското првенство во 2018 година во Русија, играше во финалето на Европскиот шампионат 2016 на домашен терен, и во финалето на Светското првенство 2022 во Катар.
Франција е еден од фаворитите за освојување на Мундијалот идната година, а потоа „триколорите“ ќе имаат нов селектор.
Уште од сега се споменува дека француската селекција во иднина ќе ја води Зинедин Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА