Финалистката од минатата година и четврта носителка Јасмин Паолини е уште една фаворитка која го заврши настапот на третиот гранд-слем турнир во сезоната Вимблдон.
Таа во 2. коло на турнирот во „Ол ингланд“ клубот загуби од руската тенисерка Камила Рахимова со 2-1, по сетови 4-6, 6-4 и 6-4.
Настапот на Вимблдон заврши и за шампионката од пред две години Маркета Вондрушова која вечерва со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-3 загуби од домашната надеж, Ема Радукану.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

