Рускиот тенисер и девети носител на Австралија опен, Андреј Рубљов го заврши уште на самиот старт настапот на првиот гранд-слем турнир во сезоната, отвореното првенство на Австралија кое се игра во Мелбурн.
Рубљов во првото коло беше шокиран од Бразилецот, Жоао Фонсека, млад и талентиран тенисер кој на крајот на минатата година го освои „Некст џен“ турнирот на кој се натпреваруваат тенисери до 21 година.
Фонсека во првото коло беше доминантен против Рубљов совладувајќи го со максимални 3-0, по сетови 7-6, 6-3 и 7-6. Во второто коло Фонсека ќе игра против Лоренцо Сонего од Италија кој беше подобар од поранешниот шампион во Мелбурн, Стен Вавринка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА