Крај на агонијата: Нејмар по една година пауза му се врати на фудбалот

Нејмар конечно ја остави зад себе агонијата и се врати на терените по паузата од повеќе од една година по тешката повреда на коленото што бразилскиот ас ја заработи непосредно по мегатрансферот од ПСЖ во Ал Хилал.

Точно една година и три дена по кинењето на лигаментите на коленото, Нејмар денеска го имаше толку посакуваниот камбек, на гостувањето на Ал Хилал против Ал Аин во Абу Даби. Бразилецот влезе во игра во 77. минута и не успеа да се запише меѓу стрелците во гол-шоуто што Ал Хилал го доби со 4-5.

Договорот што Нејмар го има со клубот од Саудиска Арабија истекува на крајот од сезонава, а повеќе од јасно е дека истиот нема да биде продолжен, па останува да се види дали 32-годишниот Бразилец ќе направи камбек во Европа или пак ќе се врати во татковината за таму да ја заврши кариерата.

Се вчитува...