Крај на агонијата: Нојер се враќа на голот на Баерн Минхен

Мануел Нојер конечно има причина за задоволство откако германскиот голман доби зелено светло за камбек на терените, повеќе од десет месеци по тешката повреда заработена на скијање по завршување на СП во Катар.

Искусниот чувар на мрежата требаше да се врати на стартот од сезонава, но камбекот се одогловлечи за неколку месеци. Тој ја искористи последната репрезентативна пауза за тренинзи со остатокот од тимот на Баерн (оние кои не беа дел од своите национални селекции), успевајќи да ги убеди сите дека повредата е зад него и дека е подготвен за камбек.

Во изминатите 24 часа врз Нојер биле извршени нови детални прегледи, по што медицинскиот тим на баварскиот гигант дал зелено светло за негово враќање на терените.

Баерн в сабота се среќава со екипата на Мајнц, дуел за кој се очекува тренерот Тухел да донесе одлука Нојер да стартува од првата минута.

Се вчитува...