Крај на агонијата: Рома го отпушти Јуриќ

Иван Јуриќ од денеска повеќе не е шеф на стручниот штаб на Рома откако „волчицата“ му врачи отказ на хратскиот стручњак по поразот на домашен терен од Болоња, четврти неуспех на римскиот клуб во последните пет рунди од „Серија А“.

Тој влезе во конфликт со бројни фудбалери почнувајќи од Пауло Дибала, беше повеќе од јасно дека деновите на Јуриќ во клубот се избројани, но во последните две седмици одлуката за смена беше одложувана, за денеска конечно да биде официјализирана по поразот од Болоња.

„Сакаме да му се заблагодариме на Иван Јуриќ за напорната работа изминатите седмици. Тој се справуваше со тешка околина со максимален професионализам и благодарни сме поради тоа“, се вели во клупското соопштение на Рома.

Потрага по нов тренер е веќе стартувана, а според италијанските медиуми најблиску до „жешкото столче“ во римскиот клуб е поранешниот италијански селектор Роберто Манчини

Се вчитува...