Поради пандемијата од коронавирусот Фудбалската федерација на Германија озбилно размислува околу прекинување на сезоната 2019/2020.
„Мораме да ги земеме предвид сите можни сценарија и да бидеме подготвени на фактот дека сезоната може да биде прекината, а дури и прерано завршена. Целта е таа да биде завршена на терените. Сепак, главниот збор ќе го имаат здравствените власти. Мораат да донесат јасни одлуки“, изјави генералниот секретар на федерацијата, Фридрих Кертис.
Се очекува Лигата да биде прекината по колото кое е на програмата викендов и на крајот на ниту еден тим да не му се додели титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА