Крај на дилемите: Дешамп останува селектор на Франција

Дидие Дешамп ќе остане на чело на француската репрезентација и покрај вчерашниот неуспех и елиминацијата во полуфиналето од ЕВРО 2024.

„Триколорите“ цел шампионат играа под своите можности, Дешамп беше критикуван и за дел од одлуките поврзани во стартниот тим, но искусниот стратег се уште ја има довербата на раководството на федерацијата. Тоа денеска го потврди и првиот човек на Фудбалската Федерација на Франција, Филип Диало, јасно ставајќи до знаење дека Дешамп нема да добие отказ и ќе го одработи остатокот од својот договор, заклучно со СП 2026.

„Дидие Дешамп останува селектор. Тој има договор до 2026 и ја оствари првата цел што му беше дадена на овој европски шампионат. Не гледаме потреба воопшто да разгледуваме за прекин на соработката, резултатите од минатото говорат најдобро за квалитетите на нашиот селектор, Дидие ќе ја продолжи својата мисија со репрезентацијата“, изјави Диало.

Се вчитува...