Крај на дилемите: Семењо го избра Манчестер Сити

Манчестер Сити ќе биде новиот клуб на Антоан Семењо, откако крилниот фудбалер на Борнмут прими неколку одлични понуди во изминатите десетина дена, за на крајот да избере да се приклучи на проектот предводен од Пеп Гвардиола.

Се шпекулираше дека Ливерпул е најблиску до потписот, сериозен интерес покажуваше и Манчестер Јунајтед, а денеска во трката се вклучи и Челси. Сепак, овие три клуба вечерва биле информирани за одлуката на Семењо, кој го избрал Сити за следна дестинација во кариерата.

Тој има клаузула во висина од 65 милиони фунти во договорот со Борнмут, што ќе биде активирана во првите денови од јануари. Семењо ќе ги мине лекарските прегледи, по што ќе следи потпис на четири и пол години со „граѓаните“.

Оваа премиерлигашка трансфер-сага дефинитивно заврши уште пред да почне официјално јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...