Крај на дилемите: Захов останува во Шкендија

Дино Захов ги отстрани сите дилеми околу својата иднина потпишувајќи нов договор со екипата на Шкендија. Актуелниот договор истече на крајот од 2018 година, во изминатите денови се појавија бројни информации за наводно заминување на голманот, но Захов на крајот ги разреши дилемите потпишувајќи нов договор на загарантирани две години, со можност за продолжување за уште една дополнителна сезона.

„Ова е одличен ден за мене, бидејќи со овој договор го продолжувам престојот во Шкендија. Многу сум среќен и со ентузијазам ги исчекувам новите успеси во овој дрес“ – изјави Захов по потписот на договорот.

Дино Захов пристигна во Шкендија во јануари 2016 година и се наметна како прв голман на тетовските „црвено-црни“, тим со кој освои неколку трофеи на домашната сцена.

Се вчитува...