МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ ВО 2025: „Скротени“ се крилјата на „летечкиот“ Холанѓанец

Во година исполнета со бројни возбудувања, ЕКИПА.МК ви ги издвојува настаните од меѓународниот спорт кои вечно ќе се паметат.

2025 година како година исполнета со богата спортска историја донесе и крај на една доминација во светот на најбрзото натпреварување – Формула 1. Тоа секако е крајот на доминацијата на Макс Ферстапен „летечкиот“ Холанѓанец која беше наговестена уште пред една година.

Свежина во Формула 1 шампионатот донесе двоецот на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри па тоа што не му успеа британскиот тим во 2024 година, му успеа во 2025 година во која Британецот и Австралијанецот „царуваа“ на патеките па и покрај „касното будење“ на Холанѓанецот по четири години добивме нов шампион во името на Ландо Норис.

„Касното будење“ на Макс Ферстапен не беше само најава за возбудлив крај на уште една сезона, туку и наговестување за тоа што следи во иднина.

2026 година ни носи бројни промени на болидите и старт на некоја „нова ера“, но јасно е дека сите погледи ќе бидат насочи кон Норис, Ферстапен и Пјастри. Дали Британецот ќе ја одбрани титулата, дали Холанѓанецот ќе се врати на тронот или пак Австралијанецот ќе го запише своите име во историјата ни преостанува да видиме по бројни извозени километри.

Се вчитува...