Крај на драмата: Хаким Ал Араби нема да се враќа во Иран, Тајланд реши да го ослободи

Хаким Ал Араби ќе си оди во Австралија. Тајландските власти решија да го ослободат иранскиот фудбалер и да го прекинат случајот за екстрадиција против него. Неофицијално, и Иран го повлекол барањето Ал Араби да биде испратен во државата во која е осуден на десетгодишна затворска казна.

Изненадувачката одлука ја завршува голготата на  фудбалерот која траеше 70 дена. Тој беше приведен отако пристигна на Тајланд на меден месец. Инаку Ал Араби има азил во Австралија како политички бегалец отако влезе во конфликт со владата на Иран.

Во случајот на Ал Араби се вклучија австралиската влада и фудбалската федерација на оваа земја, потоа ФИФПро, ФИФА и неколку организации за заштита на човековите права кои извршија силен притисок за негово ослободување.

Се вчитува...