Луис Мануел Диаз, таткото на фудбалерот на Ливерпул, Луис Диаз, и официјално конечно е ослободен по заложничката драма која се случуваше изминативе денови, потврди колумбиската фудбалска асоцијација.
„Колумбиската фудбалска федерација им се заблагодарува на Националната влада, воените сили и националната полиција, како и на сите институции и функционери кои го овозможија ослободувањето на Луис Мануел Дијаз. Фудбалот како спорт симболизира талент, посветеност, тимска работа и унитарни човечки вредности. Во Колумбија фудбалот мора да продолжи да биде репер за забава, здрава конкуренција, единство и радост“ – соопштија од колумбиската федерација, притоа дополнувајќи:
„Затоа, инсистираме на потребата од отфрлање на било кое друго сценарио освен спортското. Фудбалот е страст во мир. Никој никогаш повеќе да не помисли да ја нападне таа реалност“.
🚨🚨| BREAKING: Luis Diaz’s father, Manuel Diaz, has been released.
[@VickyDavilaH] pic.twitter.com/MFpag4O3vs
— CentreGoals. (@centregoals) November 9, 2023
Како што е познато, пред десет дена во Колумбија беа киднапирани таткото и мајката на Луис Диаз. Уште истиот ден беше пронајдена и ослободена мајката на фудбалерот на Ливерпул, а потоа продолжија преговорите со киднаперите за ослободување и на неговиот татко што конечно се случи денеска.
Дел од колумбиските медиуми објавија и снимки од киднапирањето на кои се гледаат вооружени напаѓачи на мотоцикли и возилото во кое наводно се наоѓаат родителите на Дијаз. Напаѓачите го запреле автомобилот и потоа заминале во непознат правец.
Se conocen las primeras imágenes del vehículo en el que se movilizaban los papás de Luis Díaz y los presuntos secuestradores en moto. https://t.co/if1kX8q65f pic.twitter.com/sl6mlfV0Qa
— Revista Semana (@RevistaSemana) October 29, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА