Славниот стопер Јан Вертонген стави крај на 19-годишната играчка кариера во која стави голем белег со клупските и репрезентативните настапи каде воедно е и рекордер со 132 одиграни натпревари за Белгија.
Вертонген кариера ја започна во Ајакс во 2006 година, помина една година на позајмица во Валвик пред во 2012 година да реализира трансфер во Тотенхем. За „петлите“ настапуваше осум години пред во 2020 година да се пресели во Бенфика. Од 2022 година до сега настапуваше за Андерлехт каде доби и посебна чест во последниот натпревар на домашен терен.
🥺 | Merci pour tout, Jan. 🇧🇪👋 #ANDCLU pic.twitter.com/HEZl8Udw83
— DAZN Belgique (@DAZN_BEFR) May 18, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

