Крај на една долга ера: Германија после 73 години нема да носи „Адидас“!?

Германските медиуми објавуваат дека репрезентацијата на Германија од 2027 година ќе има нов спонзор кога станува збор за дресовите. Досегашниот Адидас после 73 години заминува во историјата, и Германија веќе склучила договор со „Најк“.

Наводно договорот со новиот набавувач на опрема ќе биде на седум години, односно од 2027 до 2034 година.

Германија е во „Адидас“ од далечната 1954 година. Претходно Германија беше во „Умбро“, но само четири години, од 1966 до 1970 година, а до 1954 година се облекуваше во непознатата Леузела.

Германија од Адидас добива 50 милиони евра годишно, а со „Најк“ се очекува да биде далеку поголем договорот. Актуелниот договор исекува до крајот на 2026 година.

Од друга страна навивачите негираат кога е во прашање на новиот спонзор. Тие сакаат Германија и натаму да се „облекува“ во Адидас.

Се вчитува...