Крајот на сезоната во фудбалска Европа може да донесе и крај на една ера со пензионирање на легендарниот италијански стопер, Леонардо Бонучи, пренесуваат италијанските медиуми. 37-годишникот оваа сезона настапува во дресот на Фенербахче каде има лимитирана минутажа на само 12 натпревари.
Во текот на кариера Бонучи настапуваше за Интер, Тревисо, Пиза, Џенова и Бари за во 2010 година да го засили Јувентус каде што ги помина најдобрите денови и оформи претпознатлив тандем во одбраната со Џорџо Киелини. Седум години по доаѓањето во Торино, Бонучи направи трансфер во Милан, но по само една сезона помината со „росоенрите“ се врати назад во Јувентус. Во кариерата настпуваше и за Унион Берлин.
Бонучи беше и долгогодишен член на репрезентацијата на Италија настапувајќи на 121 натпревар и ја освои шампионската титула на Европското првенство во 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА