Џанлуиџи Буфон ја донесе конечната одлука за својата иднина, решавајќи да стави крај на фантастичната кариера. Искусниот 45-годишен голман имаше на маса неколку интересни понуди од Саудиска Арабија, но веќе ги известил тие клубови дека нема намера повторно да се сели, туку ќе му каже збогум на фудбалот.
Буфон има договор со Парма на уште една година, но планира предвреме да го раскине и до крајот на оваа седмица и официјално ќе стави крај на неверојатната 28-годишна професионална кариера.
Фантастичниот голман мина 19 сезони во Јувентус, вкупно осум во Парма (пет на почетокот и три на крајот на кариерата) и една како член на ПСЖ негова единствена авантура надвор од Калчо-лигата.
Освен бројните трофеи со Јувентус, најголем успех без конкуренција му е освоениот мундијал на СП 2006 со селекцијата на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА