Крај на една ера: Давид Силва и Диего Годин му кажаа збогум на фудбалот

Во еден ден двајца легендарниот фудбалери кои одбележаа една ера во европскиот и светскиот фудбал Давид Силва и Диего Годин се одлучија да кажат крај на професионалната кариера.

Давид Силва во кариерата настапуваше за Валенсија, Манчестер сити, Еибар, Селта Виго и Реал Сосиедад. Со Сити успеа да ги освои сите титули во Англија, додека со репрезентацијата на Шпанија славеше на Мундијалот 2010 година, а има и две европски трофеи.

Диего Години најдобрите партии ги прикажа во Атлетико Мадрид со кој двапати играше финале во Лигата на шампионите, а со репрезентацијата на Уругвај во 2010 година го освои четвртото место на Светското првенство во Јужна Африка.

Се вчитува...