Завршува една долга ера на Манчестер Сити. Играчот од средниот ред на овој тим, Кевин де Брујне донел одлука дека по завршувањето на сезоната си оди од клубот.
Играчот веќе ја донел одлуката, и наскоро ќе ја соопшти, со што ќе си замине еден од најдобрите играчи кои некогаш играле во овој тим, со кој ги освои сите можни трофеи, вклучувајќи го и најголемиот историски успех во историјата на клубот – трофејот во Лигата на шампионите.
Белгиецот дојде во Сити пред 10 години како играч на Волфсбург, и влезе меѓу легендите на „Граѓаните“. Во минатото беше дел и од Вердер и Челс, а во Белгија играше во Генк.
Со Сити шест пати ја освои Премиерлигата, освои два трофеји во ФА Купот, пет пехари во Лига-Купот, два трофеи во Комјунити шилд, и еден трофеј во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА