Крај на една ера: Европскиот фудбал на лето останува без легендарниот голгетер?!

Луис Суарез доминира на европско тло повеќе од една деценија, но фудбалот на „Стариот континент“ е на прагот да остане без легендарниот Уругваец кој по завршување на договорот со Атлетико Мадрид најверојатно ќе заврши во САД во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

Договорот на Суарез со „јорганџиите“ исткува во јуни 2022 година, а со 34-години напаѓачот повторно ќе има слобода да ја одбере новата средина. Како опција се споменува и враќање во Барселона, но истата е се помала откако Чави се осврна кон составување на млад тим за иднината што може да биде повод за Уругваецот да се врати поблиску до родното место.

Суарез првиот настап во Европа го запиша во дресот на Гронинген во 2006 година по што следеа трансфери во Ајакс, Ливерпул и Барселона пред приклучувањето на четата на Диего Симеоне. Најдобрите години ги помина во Барселона заедно со „светото“ трио „МСН“, а ќе биде запомнет и по гризањето на Бранислав Ивановиќ.

Се вчитува...