Крај на една ера: Имобиле денеска си заминува од Лацио

Денеска ќе биде означен крај на една ера во италијанскиот фудбал, откако Чиро Имобиле ќе го комплетира најавеното заминување од Лацио и ќе се пресели во редовите на Бешикташ.

Легендарниот голгетер со години наназад беше миленик на „лацијалите“ откако во 2016 година пристигна во овој клуб од редовите на Севилја, експресно наметнувајќи се како еден од лидерот на римскиот гигант.

Сепак, ремонтот што „лацијалите“ го прават во играчкиот кадар летово придонесе и тој самиот да размисли за менување на клупските бои, а кога пристигна понудата од Бешикташ за плата од шест милиони евра по сезона во следните две години (со опција за трета сезона) 34-годишниот голгетер веднаш ја прифати.

Турскиот тим почна преговори со Лацио, претседателот Лотито најпрвин бараше 10 милиони евра отштета, но по интервенцијата на Имобиле и молбата што поскоро да биде најден заеднички јазик првиот човек на „лацијалите“ се согласи на „скромни“ три милиони евра. Веќе нема никакви пречки, па се очекува фантастичниот голгетер денеска да пристигне во Истанбул и по лекарските прегледи да го потпише договорот со новиот клуб.

Се вчитува...