Крај на една ера: Интер се збогуваше од Ханданович

Интер денеска објави дека нема да ја продолжи соработката со Самир Ханданович, збогувајќи се со словенечкиот голман кој повеќе од една деценија успешно го бранеше голот на „нероаѕурите“.

Договорот на Словенецот истече на крајот од сезонава, постоеше опција тој да остане како резервен голман, но директорот Марота и тренерот Инзаги на крајот решија да доведат нов помлад чувар на мрежата.

Ханданович беше член на Интер уште од 2012 година, во изминатиот период настапи на 455 натпревари за овој клуб, на 166 од нив успевајќи да ја сочува мрежата незатресена.

Тој освои пет трофеи со „нероаѕурите“, скудетото во 2021 година и по два пехари во Купот на Италија и во Суперкупот на Италија.

Се вчитува...