Еден од најдобрите хрватски фудбалери во историјата, Иван Ракитиќ објави крај на пребогатата кариера во која настапуваше за Базел, Шалке 04, Севилја, Барселона, Ал Шабаб и Хајдук Сплит.
Ракитиќ во кариерата настапи на вкупно 887 натпревари на клупско ниво од кои најмногу за Севилја (323) и Барселона (310), постигна 125 голови и забележа 141 асистенција.
Од 2007 година беше дел од репрезентацијата на Хрватска влегувајќи во одбрано друштво со повеќе од 100 настапи за „коцкестите“. Вкупно одигра 106 средби, а постигна 15 голови и го освои сребрениот медал на Светското првенство во 2018 година.
Во кариерата освои по четири трофеи во Ла Лига и Купот на Шпанија, два во шпанскиот Суперкуп и Лига Европа, а по еден трофеј во Лигата на Шампионите, Купот на Германија и Купот на Швајцарија. Во 2016 година со Барселона стигна и до трофејот на ФИФА Светското клупско првенство.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

