Еден од најдобрите грчки кошаркари на 21 век, Јоргос Принтезис замина во пензија. Кошаркарот на Олимпијакос тоа го направи во стил, освојувајќи ја шампионската титула во грчкото првенство со „метла“ против Панатинаикос во финалето, и со учество на Ф4 турнирот на Евролигата во Белград каде „црвено-белите“ беа и на прагот на пласман во големото финале.
Принтезис богатата кариера ја започна во Олимпијакос во 2001 година, а дресот на клубот го носеше до 2009 година пред да замине во Унакаха, но само по две години се врати на добро познатото место. Во 2012 и 2013 година со грчкиот клуб каде за соиграч го имаше и нашиот Перо Антиќ ги освои титулите во Евролигата, при што ги постигна и одлучувачките поени во финалето против ЦСКА.
A legend retired tonight pic.twitter.com/zqGazdf1k8
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) June 17, 2022
Тој во пензија заминува како лидер на Евролигата по бројот на обиди од поле (1428), втор на листата по бројот на одиграни натпревари (375), четврти стрелец на сите времиња со 3599 постигнати поени и шестти „скокач“ во историјата со 1452 скока.
„Од следната сезона ќе бидам на трибините и ќе го гледам нашиот тим. Ви благодарам на сите за прекрасните моменти поминати тука во последните 20 години. Ќе продолжиме заедно да се бориме за Олимпијакос“, изјави 37-годишникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА